Кога лисјата паѓаат


Поттикната сум од една актуелна тема која веќе подолго време владее во нашето општество а тоа е нападот на сите сетила на граѓаните преку турските серии кои се даваат на неколку од локалните телевизии.

Можеби ќе ви звучи незначајна темава, ама според мене тоа е една од најсериозните теми за кои треба да се запраша секој граѓанин на оваа држава кој размислува малку посвесно за себе , за својата иднина и за иднината на своите деца.

Зошто…

Многумина ќе речат: Не ме интересира, кој што сака нека гледа, јас си живеам во свој свет, си гледам серии и филмови кои мене ме интересираат, се дружам со луѓе кои се на мое ментално ниво.

Тоа е точно, меѓутоа тоа индивидуален избор само за постигнување на личен развој на личноста, но не и за колективниот.

За колективниот развој  на едно општество е многу битно влијанието на локалните медиуми.

Има нешто што се вика навика, инерција.

Голем дел од народот  го гледа и го слуша тоа што му се сервира од локалните медиуми. А од нив веќе неколку години се поинтензивно се сервира серија од турски серии.

Кои ефекти се добиваат од гледањето на турските серии?

Се задоволува потребата на народот во ова општество да се занимава со туѓиот живот- кој со кого бил, кој заради кого се разведува, кој кого го мести, кој на кого му прави услуга, значи се поттикнуваат некои карактеристики кои напротив треба да почнат да се искоренуваат во едно општество наместо да се зацврстуваат во свеста на човекот.

Медиумите треба да пренесуваат корисни информации а не да го залажуваат народот со ефтино купени серии, да вадат профит за себе а народот да го држат во некоја квази заблуда дека одмара додека се релаксира со некоја турска приказна, натоварен со куп егзистенцијални, социјални и какви уште не проблеми, лични и семејни.

Не велам дека овој проблем е од сега. Сапуници имало и порано, да ја земеме за пример Династија или некои од српски и хрватски серии. Меѓутоа интензитетот на напад врз сетилата со сапуници мислам дека е најголем сега,а со тоа и интензитетот на ослабување на свеста кај самиот народ.

Затоа моја желба е , партијата која ќе победи на овие избори, да го реши овој проблем, бидеќи ако не го реши, му мисли лошо на сопствениот народ. Ако продолжи да трае проблемов, сите лисја ќе паднат во оваа држава.

Advertisements

6 Responses to “Кога лисјата паѓаат”

  1. Прво, жал ми е што си одлучила на вордпрес да блогираш, не за друго, туку што морам да пополнувам формулари за да оставам коментар. 🙂

    Второ, за жал, баш тоа е намерата на сите телевизии, за што е можно помалку пари да извлечат што е можно повеќе. Тоа најлесно се прави преку политика и сапуници.

    Трето, сапуниците се толку успешни зашто го потсетуваат просечниот човек на неговото секојдневие и тој се надева дека „ќе научи нешто“. Сите останати или се смеат на тој идиотизам или пак им е незгодно што се нашле во иста соба со тоа загадување на етерот. 🙂

    Четврто, разно! 🙂

  2. Епа баш точката разно е пресудна. Да се промени актуелната состојба со сериите, ако може:)

  3. „партијата која ќе победи на овие избори, да го реши овој проблем“

    а мислиш дека владата/партијата треба да ги решава овие проблеми? и што нудиш како замена?

  4. Мислам да. И тоа преку предлог за интервенција во Законот за радиодифузна дејност. Интервенцијата првично може да биде во насока на ограничување на термините при емитување на ваков тип на програми-мин една дневно а не по 3:). А ако мислиш што нудам јас како замена за турските серии? Тоа во некој нов пост:)

  5. wow за “ваков тип на програми” сакаш да ти одлучува државата???

Trackbacks

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: