Бегајќи од убавината


Има утра, кога ми доаѓа да излезам, да земам парче весник, да отидам во некој од градските кафичи и пиејќи го првото еспресо да уживам читајќи по некој добар наслов..

Има денови, кога ми доаѓа да отидам до градскиот парк, со добра книга во ранец, да си понесам ролери и да поролам. Да легнам на тревата под некое дрво, и читајќи го најубавиот дел од приказната, слатко да дремнам под сенката…

Има ноќи кога ми доаѓа да се дотерам, да појдам во некој паб, да влезам елегантно и нечујно и да се нацртам на шанк. Да нарачам некое точено, па уште едно, па едно текличе.. Да помуабетам со симпатичниот келнер отспротива, па да ме здружат од соседната маса, да си направиме живели, да свртиме два три добри муабети и да продолжиме во некој ноќен клуб каде што ќе изденсаме до сабајле.

Но ако тоа го направам тука, тоа би изгледало  вака:

Станувам сабајле и не знам со што превоз најбезболно ќе стигнам до Центар.

Не знам ни кој дневен весник да го купам.

Ако отидам преку ден во парк и заспијам под дрво, сигурно некој познат ќе се загрижи.

Ако излезам сама во паб и се здружам со непознато друштво,  некој познат пак ќе се загрижи.

Башка есап, мала е веројатноста за непознато друштво, добар паб и уште подобар ноќен клуб.

Сепак останувам дома.

Чекам подобри времиња.

Advertisements

2 Comments to “Бегајќи од убавината”

  1. Со чекање и да дојдат подобри времиња (ретка случајност) тешко дека ќе ти користат. Затоа, создади ги подобрите времиња. Не е толкав проблем.

  2. Верувај, ич не е убаво да имаш познати кои што ич нема да се загрижат за тебе ако заспиеш под дрво или заскиташ со непознати навечер сама… ич….

    Поздрав од топлата Германија кај што никој не се грижи за никого

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: