Низ зборови


 

За буквата С

Скоро сите убави работи на светот почнуваат на С. Една од нив е скијање.

За животот

Се додека човекот е жив, разликата помеѓу добивката и загубата е само нијанса.

За ниските побуди

Пред да почне човек да критикува и да оговара, треба прво  себе да се искритикува и изоговара , па потоа, ако не е уморен и ако му остане време, може да прејде и на останатите.

Стратегијата на капитализмот

Железниот збор – убави врати отвора, убавата жена- железни врати отвора, а убавиот збор-железни жени отвора.

За љубовта

Љубовта ништо посебно не бара од животот. Таа само бара да биде љубена од тој што го љуби. Тогаш кожата  е убава и без крема, на косата не и е потребна маска, усните се црвени и без кармин, а рацете се мазни и после долго работење низ градината.

За спонтаноста

Да беше Тесла спонтан, денес ќе немавме струја.

За денешницата

Во денешно време љубовта е бизнис, бизнисот е страст, а страста е љубов.

За разликите

Разликата помеѓу глупак интелектуалец и интелектуалец глупак е тоа што првиот молчи кога не треба, а вториот зборува кога не треба.

За панта реи

Продолжил ти или не, животот иде даље

 

 

 


 


Advertisements

4 Comments to “Низ зборови”

  1. danijanev says:
    Сарма Скопско Среќа

    iskra_iskric says:
    Скијање, Сноубоард, Секој Сличен Спорт:)

    azder says:
    Секоја Сабота Секс 🙂

    danijanev says:
    Со „С“ Сте Супер Секогаш Секаде ^_^

    iskra_iskric says:
    Секако!

    danijanev says:
    Само Сите Сега Сетете Се 🙂

    iskra_iskric says:
    Сеќавање Со Сите Сетила:)

    azder says:
    Слатко, Среќно, Совршено, Скоцкано Со Сите Салтанати

    danijanev says:
    Сите Сте Семејство Сериозно Сакано Сега *_*

    iskra_iskric says:
    Создаваме Синергија:)

    azder says:
    Синергија ?!?!?! #svashta

    moondowner says:
    немојте тој збор, ме асоцира на неубава работа 😀

    azder says:
    секако, сосема се сложувам 🙂

  2. браво бе!!!! највише ми се свиџа за капитализмот и спонтаноста:))) уствари сите се СУПЕР!!!! и Со Сите Се Сложувам :p

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: