Archive for August, 2011

August 27, 2011

За вистината

Вистината,

понекогаш боли..

понекогаш развеселува..

понекогаш растажува..

понекогаш горчи а понекогаш е слатка.

Некогаш ќе ја видиме, некогаш ќе ја слушнеме, некогаш случајно ќе ја избегнеме а некогаш намерно ќе направиме дека не сме ја приметиле.

Некогаш ја кажуваме а некогаш ја премолчуваме.

Некои вистини никогаш нема да ги дознаеме.

А и не треба.

Премногу вистини има на овој свет.

Ако ги знаеме сите, ќе го изгубиме чувството на живеење.

August 18, 2011

Време е

„Ајде, што чекаш, време ти е…“

Време ти е за мажење.

Време ти е за дете.

Време ти е за второ дете.

А можда и за трето? Ќе имаш бенефиции.

Време  ти е да си купиш стан.

Време ти е за нов телевизор,  за кречење, за нова гарнитура.

А за што всушност е време?

Време е за живот.

Не сакаат сите мажачка.

Не сака секој дете.

Не сака секој второ дете.

Некој не ни гледа телевизија.

Време е само, секој да го прави, она што го сака.