Република Македонија


Утре е голем ден.

Дваесет години не се бројка што треба да се занемари.

Понекогаш, доволни се и дваесет дена да се направи врвно уметничко дело или да се креира совршен производ.

Но, што се случи со нашите колективни 20 години?

Гледано од аспект на поединец,  во 20 години живее сеуште недооформен  кревок и млад организам, со недоуредени ставови, премногу ентузијазам а премалку искуство.

Од аспект на колективен идентитет, во 20 години државност живеат неколку генерации со различни ставови, оформени и недооформени, сигурни и збунети, добри и лоши со слична или различна идеологија. Некои со премногу ентузијазам, други со премногу искуство.

Што ми е поентата?

Поентата ми е дека ако јас како индивидуа која има повеќе од 20 години и која живее во држава која полни 20 години, доколку утре не се појавам на прославата по повод денот на независноста , не значи дека НЕ СИ ЈА САКАМ ДРЖАВАТА.

Имено, мене лично проектот Скопје 2014 ама баш ИЧ не ми е по вкус и воопшто не ми се допаѓа распоредот на споменици во Центарот на Скопје . И не се чувствувам помалку „патриот“ од оној што ќе излезе утре да ракоплеска и да вика „ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА“ по центарските Скопски улици, особено што Македонија не е само Скопје (иако пола од жителите од другите градови веќе на ангро се преселени во Дебар Маало, Карпош и Кисела вода).

И кога веќе би требала да кажам мое мислење како сакам да се одбележи независноста, тоа секако би било нешто симболично кое би се организирало низ секој град во државата. Да се осети секоја точка од државата дека припаѓа на една целина а не дека таа целина е возможна само доколку секоја точка се дотркала до Скопје.

И навистина не се чувствувам помалку Македонка, од оние што утре ќе излезат да се сликаат со споменикот на Воинот на коњ, Музејот на жртвите или Триумфалната капија.

Јас ете  се имам сликано со врвот на Кораб , Титовиот врв, врвот на Водно, Кањон Матка,Радожда, Галичица, Дојран,Стење, Крушево, Беровско, Гевгелија, Куклице, Кокино, Пчиња, Радика, Хераклеа, Стоби, Косоврасти, Тиквешко, Преспа, Кумановско….

И не се чувстувам помалку Македонка од оние кои утре ќе слушаат новокомпонирани патриотски песни посветени на Македонија, бидејќи има луѓе кои дома , со длабоки емоции ги имаат изнаслушано и Васка и Бадев, и Зафир , Драган и Сашка.

И не се чувствувам помалку Македонка од оние кои утре ќе излезат да ја гледаат македонската култура на улица, бидејќи има луѓе кои со полно внимание и длабок респект ги погледнале изведбата на Хамлет во Драмски, извонредните концерти на Архангел, Фолтин, Bei d fish, ги следеле концертите на Македонската филхармонија, знаат минимум 5 значајни филмови од македонска продукција,го читале Славко Јаневски, знаат бар еден стих од Дениција , ја знаат наизуст Т’ га за југ, знаат кој е Пеце Атанасовски, погледнале изложба од Мартиновски или  Мазев.

И навистина се чувствувам горда Македонка во моментите кога нема да направам ниедна грешка кога говорам и пишувам на македонски и кога како од пушка одговарам на прашањата на странците кои се интересираат за нешто поврзано со нашата земја.

И кога ги критикувам постапките на една власт, не значи дека сум по default опозиција. Ако не размислувам како „едните“, не значи дека сум за „другите“. Ако ми се допаѓа Триумфалната капија во Париз повеќе од Триумфалната капија во Скопје, не значи дека размислувам предавнички. Ако утре се омажам за Хрват, Грк или Шкотланѓанец, не значи дека помалку си ја сакам татковината.

Период од 20 години е период на развој. Континуиран развој и  посветеност. Не е период во кој треба да се гордееме и со воодушевување да збориме дека имаме НОВИ АВТОБУСИ и за тоа да се пишува по медиумите и да се снимаат скапи реклами. Побогу, па тоа ни следи без коментар!! Луѓе се качија на Месечината аман! Јапонците спасуваат цели нуклеарни централи а Американците регулираат и водат еден огромен систем од човечки ресурси, природа и технологија. Цел свет почна да учи кинески а кај нас голем дел од популацијата не знае ниту македонски, ниту англиски. Глобалните компании развиваат производи и склучуваат договори од илјадници страници а ние се расправаме на суд за договори кои во времето кога сме ги потпишале не сме го прочитале ниту насловот. Научниците измислуваат вакцини против најстрашните бактерии а ние немаме пари за цитостатици. Светот има опции а ние како да немаме друг избор.

Ја сакам оваа земја, како што го сакам и Скопје на начин опишан во „Шармот и градот“.

И посакувам се најдобро да и се случи. Нека ни е честит денот на независноста.

Advertisements

9 Comments to “Република Македонија”

  1. Pozdrav, Skiatos princess. Odlicen post! Posebno me bendisa delot za kineskiot jazik. I vo pravo si. I jas nema da izlezam utre na ulica. Nemam potreba za javna deklaracija, koga znam sto mi e vo srceto. Izvini za latinicava, me ponese momentot…

    p.s. Cela naselba do preeska echeshe na Zlatno Slavejche ’79, I’m a little freaked out!

  2. Боже какви се не срања ќе прочиташ по ова нетов

    • Па нормално ќе биде срање за тебе, уште кога се пронајде во нешто негативно Перо

  3. Прекрасно напишано. Да, за жал, плоштадот во Скопје личи на пренакитена свадбена торта. Дури и кичот би се навредил од било какви споредби.

  4. Да живее Северна Коре… Да живее Северна Македони…. Чек бе…. За кого требаше да навиваме???

  5. Кудос за постов, се што ми лежи на душа, а немам време да го рпеточам во црно на бело. Кудос!

  6. Но, и мене , а и други, не не прави автоматски “изродбеник”,”морон”,”Македоноид” или сл., фактот што ќе ИЗЛЕЗАМ на плоштад без разлика дали ме бендисувале новокомпонираните содржини, споменици, или СК 2014.

  7. Иако бев против целава оваа лакрдија од споменици низ градов…. сепак ќе речам дека вчерашната прослава на 20 годишнината е најдобро организираната прослава што воопшто сме ја имале досега. Споменикот Воин на коњ и фонтаната изгледаа фантастично… сè беше одлично и се почувствував навистина горда. Можеби доцниме со многу работи, да, светот е пред нас во многу работи меѓутоа некој пред нив го изодел патот и им ја изградил свеста, а ние се уште не сме ја поминале таа лекција, па треба да го изодиме и тој пат, за сите заедно утре да станеме посилни и подобри граѓани кои ќе се грижат за напредокот на сопствената држава.

  8. можеби не треба со воодушевување да збориме дека имаме нови автобуси (иако со воодушевување збориш за се што тие ново и несвојствено), ама конечно не треба ни да плукаме по новите автобуси како да се зло. луѓе се качиле на месечината (иако и тоа е дискутабилно:)), ама кој рече дека сите мораме да сме еднакви во се, нит па може да бидеме еднакви во се. секој со својот крст. ама како што кажа и јана, ние имаме пропуштено доста фази во развојот на сопствената личност кој мора да ги надокнадиме за да (о)станеме здрава личност. а што се однесува до кичот, кој рече дека тоа треба да подлежи на естетски квалификации и евалуации? тоа е настан кој не спаѓа ни во културна индустрија, а не па уметност. сето тоа е политика, масовен настан за толпа каде што естетските категории не важат или се на најниско ниво. според тоа оние артисти кој ние сметаме дека сакаме да ги видиме таму и несмеат да свират на таков настан! за организацијата едноставно неможе да се има замерки.
    патем секоја чест за сликите по македонските врвови 🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: