За Корчагин


Благодарам Мамо што ме запиша во Корчагин во времето кога имав само 14 години и кога сама да одлучувам за мојата иднина не беше возможно без твојот ценет совет.

Благодарност и до Тато што ја поддржа одлуката на Мама , што не беше незаинтересиран и зафатен со задоволување на свои лични интереси па само да кажеше:„ Ма каде сака нека учи, битно е школо да заврши.“

Ама за мене Корчагин не е секое школо.

Барем на времето, Корчагин беше цела една идеологија.

Благодарам Корчагин што ме научи да градам свое мислење, да почитувам авторитети, да верувам во себе, да ја сакам уметноста, да слушам добра музика, да сум вљубена во философијата, да ја почитувам математиката.

Благодарам и на мојата генерација што ме научи како да бидам своја и  што ме научи колку е добро да се развива сопствениот талент, каков и да е.

Еве што научив за 4 години во Корчагинските клупи:

1. Научив дека да изгледаш секогаш убаво, средено, чисто и префинето не е баш едноставна работа. (посветено на нашата Мис на Македонија и другите убави девојки од Корчагин)

2.Научив дека манипулацијата е основниот инструмент за раководење со народот(посветено на школските кои уште од средно се занимаваа со политика и беа политички активни)

3.Научив уметноста да ми е дел од секојдневието (посветено на талентираните уметнички души, аматерските театарски групи, прекрасните текстови и писмени на часот по македонски, инспиративните муабети на час по философија, кудос за Сидо)

4. Научив дека многу работи во животот па дури и клучните животни одлуки се решаваат преку математика и логика  (посветено на талентираните математичари и секако главното обележје на РЈК од мое време- математичка гимназија)

5.Научив дека најтешките моменти во животот се лечат со добар хумор (посветено на најсмешните анегдоти и досетки пренесувани на ливчиња од клупа на клупа за време на школскиот час)

6.Научив дека да си доследен, уреден , педантен и вреден не значи дека си само досадна бубалица, туку дека си посветен во тоа што го правиш и тоа кога тогаш ќе резултира во личен успех (посветено на нашите бубалици кои плачеа на 5 минус а крахираа на 4 плус)

Гледајќи ја после толку години мојата Корчагинска генерација ( режисери, доктори, професори, архитекти,адвокати, бизнисмени, слободни уметници, информатичари, политичари, печалбари во иностранство кои добро заработуваат итн), можам да заклучам дека секој го избрал својот пат, секој го изградил СВОЈОТ КАРАКТЕР.

А тоа е најбитно.

Да знаеш каде припаѓаш. Да се пронајдеш себеси.

Не знам дали Корчагин денес е тоа што беше некогаш. Ако е, ќе бидам пресреќна. Ако не е, тогаш тешко на новите генерации. Бидејќи без изграден карактер, тешко се гради било што друго.

Advertisements

16 Comments to “За Корчагин”

  1. Se nadevam deka i jas ke mozam vaka za desetina godini da bidam so pofalni zborovi za RJK…:)

  2. Прекрасно! Освен делот за математичка гимназија, главните карактеристики не се променети – Корчагин било и сеуште е школо во кое основна и најважна лекција е да бидеш свој, да го изградиш својот карактер, да запознаеш цел спектар на различни индивидуи, и патем да научиш многу 🙂
    Мислам дека секој Корчагинец чувствува дека неговата генерација била најдобра. Некако навистина добро чувство што ќе ме следи цел живот..

  3. Завршив пред само една година, иако додека учев во Корчагин сметав дека запишувањето во Корчагин ми било голема грешка сепак од кога се запишав на факултет сфатив дека Корчагин ми било најдобриот избор, иако некои предмети тешко се поминуваа, онаа корчагинска 2ка значеше 5+ за останатите средни училишта. Многу работи научивме во Корчагин, за жал не можам повторно да се вратам назад, иако многу би сакал 🙂

  4. I jas zavrsiv vo korcagin , i samo pofalbi imam za skoloto, no dali mislite deka drugite srednoskolci vo drugi gimnazii i ucilista ne go gradat svojot karakter …. ?
    Karakterot se gradi so godinite i so iskustvata , iskustvata od gimnaziite se slicni , veruvam deka mnogu drugi koi ne zavrsile vo korcagin se imaat pronajdeno sebesi i isto se cuvstvuvaat …
    Svetot ne se vrti samo okolu nas 😉
    A za tekstot cista 5ka 😀

  5. Корчагин одсекогаш бил и ќе биде правилен избор 🙂 Никогаш не би се покајала :)!

  6. Во Корчагин царуваат врскаџиите и неправдата такада жалам што се запишав во оваа гимназија..

  7. Шмрк! Грутка у грло ми застана бе, Искра…
    У моја фамилија веќе втора генерација завршува во Корчагин.
    Ја не смеам да кажам од кога сум, ќе ти ги избркам читателите, ама Лепа ми беше класна, Душка историја, Сидо ни беше другар (професор, ама другар), Војо физичко (девојќите и машќите…), Ермина биологија (седи, душо, ево ти један)

  8. Најубавите 4 години од мојот живот … 🙂

  9. Пффффффффффффф корчагин шморкчагин.. место кадешто деликвентите добиваат највисоки оценки, а тебе те исмејуваат пошо си различен..

    од цел корчагин ми е мило за Сидо само.. А сеа и тој си отиде многу јасно

  10. Bi sakal iskreno da vi se zablagodaram za toj podarok koj mi go dodelivte deneska. Vaka se nemam smeeno na tugja smetka so godini. Moram da kazam deka iako poznavam golem broj na uchenicite od RJK, nemozam da se soglasam so gorenavedeniot text. Blagodaram ushte ednash, prodolzete da se teshite, i so srekja vo stanuvanjeto doktor, arhitekt, advokat itn. :>

  11. Секогаш меѓу учениците има голема разлика, индивидуално… Многу е јасно дека не може цела генерација да добие високо платена работа и да бидат сите доктори на науки… Тоа веќе не е до Корчагин и не ја фрлајте вината на гимназијата… Колку и да е тешко, колку и да има некој врски, сето тоа е дел од средното што треба да се помине… А и каква е таа глупост дека деликвентите добиваат највисоки оцени?? Па кај нас треба да се убиеш од учење и работа за 3ка а не па за 5… Кај нас деликвенти се тие што за да одат на забар излегуваат од последните два часа… -.-

  12. Mislam deka Korcagin ne ne nauci da gi pocituvame avtoritetite, tuku naprotiv da barame od avtoritetite da se dokazat kako takvi. Razlikata e ogromna!

  13. од цела моја генерација од песталоци, во корчагин се запишавме една или две. втора генерација насочено образование, математика (јас на математика и информатика, другата на физика, имаше 2-3 класа и физички). а корчагин и претходно си имаше реноме на тешка гимназија. ми викаа – будала, кај ќе одиш, во алкатраз, бел ден нема да видиш …. а после НИКОЈ, ама скроз никој не излегуваше толку колку ние. а и во школото ликовна секција кај васил, па во мкц (тогаш дом на млади) во чвор правевме и гледавме претстави, па во хоровите веќе да не зборам – и во корчагин сами направивме хор кога снема диригент, па организиравме квизови, будалести настани, свирки, бендови, дебати … што не’. и одевме на натпревари и освојувавме награди.
    часовите беа супер интересни и горе-долу доволни за да научиш се’, речиси немаше потреба да се учи дома, освен домашните за проширување на знаењето ..и после не пропуштавме претстави, концерти, изложби … супер учевме и супер се дружевме – тоа што учевме интересни работи и од интересни професори ни даваше голема енергија и голема жед да учиме и надвор од школо (слободно време не беше бескрајно пиење кафиња, позирање и оговарање), .и не само да сме пасивни конзументи, туку и да создаваме нешто,(нели рековме горе, претстави, бендови, хорови …), а најфино со оние со кои и онака се дружиме

  14. Korcagin e super skolo, a vistinskite luge gi pamtat samo ubavite spomeni. Mi e zal za onie sto ziveat vo neubavite spomeni. Za niv nema ni nadez ni pomos!

  15. Znaci KORCAGIN e nacin na zivot KORCAGIN e nesto najdobroto KORCAGIN e praviot pat kon uspesen zivot od sega tazam poradi toa sto mora da go napustam za 2 ipol godini KORCAGIN RULES

  16. Can I start again?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: