Нема да стигнам до девет


 

Повторно нема да стигнам до девет,

иако знам дека ти секогаш доаѓаш на време.

Ниту ладни дождови, ниту пеколни ноќи

не ти го менуваат расположението

кога ме чекаш во девет.

 

И секој нареден пат

очекувам промена на твоето лице.

Но добивам повторно иста насмевка,

иста  топла прегратка,

иако не доаѓам во девет.

 

Јас не престанав да не доаѓам на време,

но ти упорно ме чекаше во девет.

Како времето да беше застанало за тебе во девет

и од девет па натаму, се за тебе претставуваше девет.

 

Една вечер, кога повторно не дојдов во девет,

ти не беше таму.

Си помислив,

мора да бил во девет…

 

Еден ден добив одговор.

Никогаш не ми пречеше што не доаѓаш во девет.

Но еден ден, ненадејно

некој друг  дојде во девет.

Advertisements

One Comment to “Нема да стигнам до девет”

  1. Како сладок парфем што во момент воскреснува едно време и едни луѓе. Нема да стигнам во девет ме допре во она парче срце што го кријам за оние среќавања, разделби и разминувања кои сеуште ме болат.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: