Зошто ги сакам планините


Живееме во загаден град. Деновиве бил као најзагадениот град на светот. Така пишуваат традиционалниве медиуми. А ние како верни читатели веруваме само во она што медиумите ќе ни го кажат.

Се прашувам, да не беа медиумите, зарем ќе верувавме дека живееме во чист и незагаден град?

Ако се земе во предвид бројот на автомобили по глава на жител , бројот на станови по глава на населба,  бројот на Скопјани по глава на Скопје, бројот на пушачи по глава на непушач, бројот на оџаци без филтер по глава на фабрика, бројот на посадени дрва за Ден на дрвото по глава на исечени дрва од булеварите,  многу едноставно се заклучува дека живееме во загаден град.

Но, мене текстот не ми е за загадениот град, туку за планините.

Зошто ги сакам планините?

Ги сакам затоа што не бараат ништо од мене освен прилагодување на нивната убавина.

Ги сакам затоа што кога чекорам по нив, секогаш ми отвораат пат до целта.

Ги сакам затоа што секогаш нудат свеж воздух, тишина и одвреме навреме природна мелодија која сведочи за тоа дека не сум само јас и не се само луѓето оние кои постојат на планетава.

Ги сакам затоа што ми покажале како е да доживееш четири годишни времиња во рок од 4 часа.

Ги сакам затоа што ме научиле дека за да ги поминам потешките препреки, потребно е да се борам.

Ги сакам затоа што таму и другите луѓе се природни, со нивната природна боја на кожа и природниот поглед.

Ги сакам затоа што се секогаш над градовите а никогаш не ја наметнуваат нивната  величественост, бидејќи се природно величествени.

Advertisements

One Comment to “Зошто ги сакам планините”

  1. Да не беше мерната станицата во Центар секако дека ќе живеевме во незагаден град, бидејќи како што древанат мудрост кажува: Незнаењето е благослов! Но и не е така страшно загадувањето денес колку што е страшно тоа што ни еднаш никој не напиша за време на летото за работата на истата и дека во Скопје воздухот некогаш е и чист.
    А за планините немам коментар се е кажано…

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: