Archive for January, 2012

January 29, 2012

Без наслов но со повод или како го поминав зимскиот распуст

Не можам да му дадам адекватен наслов на постов бидејќи ќе опфатам повеќе теми, сублимирани во една поента- ФЕЈЛ.

И така, јас и три мои пријателки решивме зимскиот одмор да го поминеме на скијање во Банско.

Налетавме на една интересна понуда преку една македонска туристичка агенција (нема јавно да ја именувам но лично ќе ги искритикувам уште утре на лице место) и тоа за 180 евра во кои е вклучен превоз, седум ноќевања со појадок и вечера=great!

1. За превозот

За превозот ќе бидам кратка пошто повеќе ќе се посветам на Хотелот и на Бугарите ама ќе поентирам со следното: Низ завеана Македонија и низ завеана Крива Паланка, превозникот со комбе тргна со летни гуми и без зимска опрема. Хелоууууу. И нормално не заглави на сред Паланка, за да после некое време дојде друго сјебано комбе и да ставаат ланци. Некаде после бугарска граница му се дупна и гума и му се заеба кочница, за да на крај не утовари нас кутрите 6 луѓе во двоспратен автобус – празен и така да не донесе до Банско.Со мало утнување на патот, стигнавме после осум саати патешествие. Осум саати до Банско ееееј.

2. За хотелот

Сместувањето беше во хотелот во кој бев во 2009 година и бев прилично задоволна разгледај тука.

Затоа веднаш ја прифативме понудата и рековме ДА.

Тоа ДА секогаш вклучува 50 %проценти ризик за заеб или што би рекол Жељко Самарџиќ- Не суди по амбалажи, видечеш на крају.

Бидејќи бевме 4, земавме апартман, со две спални , две купатила и дневна као за поелитен смештај.

Од агенцијата наша не убедија дека сме го направиле вистинскиот избор и дека навистина ќе уживаме во апартаментот!

Кога дојдовме на лице место, сфатив дека мој живот није Швицарска и је далеко од савршен.

Да, ова беше еден од креветите во една од спалните соби во апартманот.

А целата соба изгледаше вака:

Со оглед дека собата беше екстремно ладна и фучеше од прозорите, љубезните луѓе од хотелот  после 3 саата агонија, нервози и дремење на рецепција, дојдоа и залепија нешто на прозорите, ни донесоа греалки и не замолија бидејќи нема слободна соба за да ни дадат замена, да го користиме креветот од дневната за спиење.

Бидејќи љубовта кон скијањето преовладуваше , решивме да не го загубиме денот со водење на погрешна битка и направивме разумен компромис – едната од нас спиеше на топло, во дневната а останатите со греалки, на удобни кревети. Мала дигресија на муабетов ама вака некако треба да се реши и спорот за името.

Храната во хотелот не беше толку лоша, можеби заради шокот од собите па јадењето ни дојде така некако благопријатно. Меѓутоа Балканец на Шведска маса звучи некако оксиморонски. На пример: има сармички, има пилешко со ориз, има телешко со грашок, има свинско со компири и тука се прави микс од четири видови јадења,  за да не се пропушти најубавото, нешто како quatro formaggi рецептот.

Заради тоа, моравме да доагаме порано на вечера, за да имаме што да јадеме, бидејќи – Кад је шведска маса и Петреска је Блага. Или ко што рече еден Струмичанец кога ја виде празната маса: Абе ова скриена камера да не е?

3. За Бугарите

Јас сфатив едно. Дека Бугарија можеби е влезена во ЕУ, но Бугарите дефинитивно не се.

Причини има повеќе но најбитни се:

Монетарните: 3.40 лева на Бугарски значи 4 лева.  Влез во дискотека во среда е 5 лева а во петок е 5 евра (10 лева). На таксиметар ако пишува 7лева, тоа се чита 10 лева и

Културолошките: Преслава и понатаму е врвна музичарка а градоначалниците и министрите излегуваат овде:

Имаше и светли точки  за излегување : Lion club и Oxygen.

 4. За превозот назад

Повторно фејл со  гужва у комбе, каснење од два саата за да стигнеме во Скопје некаде накај 24 и нешто. Да бев плавуша ќе кажев: Е да бе сто.

 

Advertisements
January 28, 2012

Лајк

Лајкот е широко распространет и општо прифатен стил на комуникација во современото живеење.

Лајкот е сродна група со статусот, линкот, профајл пикчрот, албумот а поретко и со шерот.

Со оглед на неговиот прогресивен развој, очекувам лајкот да добие и свое копче на тастатурата, со значење и место веднаш до ентерoт.

Видови лајкови

Обичен лајк – кога се лајкува интересен статус, убава фотографија или корисен линк. Everyone likes this.

Депре лајк– кога особата лајкува све и свашта поради депресија. Nobody likes this.

Љубовен лајк – кога се лајкува на нечиј профил  поради љубов кон особата што постира. I like because I love u.

Страствен лајк– кога особата уште недопостирала а е лајкувана. Like and the City like this.

Шемаџиски лајк – кога се лајкува само на постови на селебритис. Мелита’s status update: Само што станав. 15609 обожаватели like this.

Кризен лајк– кога се лајкува во време на откажување од цигари или друг порок. Забрането пушење and no drugs like this.

Патриотски лајк– кога се лајкува на се што е поврзано и што асоцира на татковината. Излези момче право на тераса и 1198769 Mакедонци like this.

Партиски лајк– кога се лајкува по наредба на шефот на партијата или градоначалникот ако се работи за општински лајк . Министерот  и 14450 државни службеници like this.

Братски лајк – кога се лајкува за да се врати на примен лајк. Лајк за лајк, сирење за пари.

За други видови лајкови, повелете 🙂

January 13, 2012

За рафтингот и другите ризици

Пред една година, додека немав блог, немаше каде да го напишам текстов.

Откако го отворив блогот, се нешто се местеа некои други битни и небитни текстови кои му го земаа местото, се туркаа да испловат на белата површина и да се прогласат за живи.

Но, раѓањето и смртта се судбини, макар се работело и за еден блог пост.

Ќе започнам од Мај 2009 година.

Се собравме фина екипа од Скопје, некои 17 – тина луѓе, дел блиски , дел блиски на нашите блиски, но сите со иста цел и желба- да извозиме рафтинг на најекспонираниот поим од Црна Гора во брза географија-  Тара.

Адреналин, ново искуство, позитивна енергија, така идат тие работи.

Не бев многу упатена од претходно колку може ризично да биде правењето на рафтинг тура во месец мај, кога кањонот од стопените снегови низ зимскиот период е сериозен предизвик.

Кондицијата ми беше на ОК ниво како за девојка , но во овој случај совладувањето на предизвикот зависеше и од кондицијата и подготвеноста на уште осуммина.

Утрото на 01. Мај,  бевме наспани и одморени. Подготвени беа околу 12-тина чамци. Имаше луѓе од цел Балкан. Тргнавме сите во исто време. Секој чамец доби по еден скипер- искусен сплаваш, кој ја поминал Тара во Мај минимум 80 пати во својот живот.

Тргнавме по разбранетата река. Изледавме среќни и имавме доволно кондиција за веслање бидејќи беше сам почеток.

Петнаесет миниути откако тргнавме, наидовме на првиот посериозен дел од реката и тука се случи превртувањето на чамецот. Претходно скиперот не предупреди дека треба да бидеме повнимателни во овој дел од реката и да ги слушаме неговите упатства. Да весла лева страна кога ќе каже тој, а потоа да весла десна. Меѓутоа, нестабилноста на еден тип од нашата екипа кој ги олабави нозете од јажињата и се осети доволно моќен и сигурен во себе дека можеме да  поминеме и без должното внимание и согласно школските упатства за рафтинг, предизвика тој  да изгуби стабилност од еден појак бран врз чамецот и да падне во водата.

Со неговото паѓање, потребната рамнотежа се изгуби, чамецот не поклопи и ние сите потонавме во ладната вода.

Тогаш ми се случи она кое сите што доживеале посериозна незгода од која се спасиле и останале живи, го нарекуваат соочување со смртта.

Како прво, шокот од самото превртување. „Леле луѓе што направивме“?! Паѓаш и одеднаш се наоѓаш под вода која е толку немирна и те врти како бубањ,  а ти се препелкаш во јаже и пробуваш да се ослободиш од него додека те бутка нечија рака, те притиска нечија нога . Многу време за мислење немаш бидејќи воздухот под вода е краток.

Додека се отплеткував од јажето, помислив само на три работи кои долго време после тоа ми се вртеа низ главата:

1.Дали ќе преживееме ?!

2.Што и направивме на Мама? ( бидејќи на чамецот беше и брат ми) и

3. Ми се живее !

Толку време имав. Со последните голтки воздух излегов некако на површината од реката. Ме удри силен бран во кацигата. Почна да ме влече водата. Немав веќе сила , имав воздух но дишев кратко и отсечно поради шокот и паниката. На површината се слушаа пискотници, не толку силни бидеќи гласот на реката беше помоќен од гласовите на луѓето. Си помислив тешко некој да преживеал.

Одеднаш позади мене видов весло и луѓе на чамец кои викаа да го дофатам веслото. Немав сила. Мислам дека почнав да се предавам во моментот кога две човечки раце ме фатија за јаката од шушкавецот, па ме подигнаа под рамениците и ме фрлија како човек плус на чамецот. Имав сила да прашам само: Другите дали се живи?

Ми дадоа да се напијам ракија заради циркулација. Рацете ми беа модри . Имав мала повреда на челото. Другото се ми беше на место. Само срцето ме болеше и чукаше вознемирено. Не знаев што се случува со брат ми, братучетка ми, другарите. Се тресев што од студ што од немир,но спасувачите беа насмеани. Беа од Србија. На истото место две години после нас, двајца Словенци го загубија животот .Не успеале да излезат до површината, срцето им откажало од температурниот шок.

Во меѓувреме, други чамци ги спасуваа и другите давеници. Тројца сами дојдоа до копното. Сите беа живи и никој не беше посериозно повреден.

Откако се пребројавме, моравме да се вратиме на нашиот чамец и да го довесламе патот од уште 4 км.

Беше полесно бидејќи најопасниот дел од реката веќе беше позади нас. Но беше мачно бидејќи бевме премрзнати, модри и не беше задоволството исто како на почетокот.

Меѓутоа бевме среќни. Останавме живи и здрави.

Наредниот ден имавме пак иста тура рафтинг.

Но, повеќето не отидовме. Кој поради болка во ногата, кој поради траума, кој за да одмори.

Што научив?

1.Слушај ги знаците на природата.

Природата ти дава неверојатно задоволство но бара од тебе максимално да ја слушаш и да и се посветиш. Дечкото кој имаше самодоверба и беше опуштен поради тоа што повеќе пати ја веслал Тара, не требаше да ги извади нозете од под јажињата и да се опушти. И Митикас на Олимп го качиле стотици планинари но доволен е еден погрешен лабав чекор за да се случи дното, наместо врвот.

2.Непознатите се спасители.

Не спасија луѓе кои не ги познававме. Се изложија и самите на ризик бидејќи спасуваа од ризичен дел на реката. Не се плашеа да не спасат. Не се плашеа да не се повредат спасувајќи не. Беа вистински херои а вусшност беа исто како нас, дечки вљубени во адреналин, дојдени на задоволството наречено рафтинг. Вечно ќе им бидам благодарна.

3.Живот и судбина.

Не можам да ја објаснам судбината, но верувам во нејзините чуда. Верувам дека треба да постоиме додека треба да постоиме. Верувам дека ни се даваат шанси. Верувам дека треба да ги искористуваме шансите. Меѓутоа треба многу да внимаваме и да ги почитуваме правилата, за да се заштитиме себеси и другите кои ги водиме со нас, од ризиците на животот.

January 7, 2012

Пред една година

Пред една година немав блог. Имав само неколку текстови во notes на фб. На крајот на 2010 година, напишав еден текст посветен на годината што измина. Еве го во продолжение текстот заедно со коментарите. Последниот коментар од една пријателка беше дека треба да почнам да пишувам. Една година значи многу промени. Нека биде и оваа 2012 година на многу промени, за сите. И сите на подобро.

Среќна Нова 2011

by Iskra Isk Rich on Thursday, December 30, 2010 at 1:30am

Во 2010 за мене и за моите пријатели имаше безброј случувања.

Се родија нови симпатии, се развиваа убави љубови, се раѓаа нови животи, се одбранија магистерски и докторати, се купуваа коли и станови, се уживаше по убави одмори, се славеа родендени, се играше по добри свадби, се кажуваше судбоносното да.

 За жал, се дадоа и откази, се кажуваше и судбоносното збогум, се случуваа финансиски загуби, се правеа помени, се кажуваше и почивај во мир.

Потоа се вежбаше зумба, се скијаше, се одеше на куглање, се трчаше на кеј, се возеше бајк, имаше качување на Водно, некои по втор пат се качија и на Кораб, се играше и салса.

Се шеташе малку и низ Европа,  од USA и Австралија се доаѓаше навака, се одеше и на море, езеро, покрај река, а се седеше и дома.

Се гушкаа деца, се чуваа бебиња, се правеа убави ручеци и вечери.

Имаше денови кога многу имаше смеа, ама имаше денови и со солзи.

Имаше денови на добар хумор,  но имаше и денови на депресија.

Имаше денови на добри состаноци и супер проекти, имаше денови на стресни задачи и неуспешни проекти.

Имаше пари, па се чекаа пари, па снемуваше пари, па доаѓаа пари.

Имаше денови на политички дешавки кои екстремно не окупираа, кого помалце, кого повеќе.

Имаше денови на инекции и антибиотици, и денови на добро вино и добро виски.

Се дремеше на фејсбук и твитер, се разменуваа глупости, но и брилијантни идеи…

 

А,  кога ќе го тргнеме сето кажано на страна и ќе останеме сами со себе, сфаќаме дека сите ние едно исто сакаме: преку ден да живееме и работиме со љубов,  навечер да заспиеме мирно а наутро да се разбудиме среќни.

Затоа,  баш тоа и ви го посакувам на сите во 2011 година!

Like · · Unfollow Post · Share · Delete


    • Zlatko te sakam kish ♥

      December 30, 2010 at 4:23am · Unlike · 1

    • Julijana

      December 30, 2010 at 6:40am · Unlike · 1

    • Veselinka Bas ubavo! 🙂 Prodolzi da ne inspiriras so tvoite poraki i vo 2011ta! ♥

      December 30, 2010 at 8:04am · Unlike · 1

    • Elena Golemo LIKE*

      December 30, 2010 at 9:38am · Unlike · 1

    • Marija Prekrasen e tekstot, stvarno znaes da dopres do covek.

      December 30, 2010 at 10:02am · Unlike · 1

    • Ana i nie tebe bas toa ti go posakuvame…i uste nekolku ubavi raboti 🙂 Srekjna!

      December 30, 2010 at 10:04am · Unlike · 1

    • Ruzica KostikLele prekrasno napisano :):):), i nie fam. Kostik ti posakuvame od se srce se najdobro, mnogu zdravje sreka uspesi i radosti bidi i pontamu taka originalna i inspirativna kako sto si, mnogu baknezi i guski, Srekna Nova Godina i Sreken Bozik pa se gledame:):):)

      December 30, 2010 at 10:04am · Unlike · 1

    • Suzana Vo 2011 poveke od tie slucuvanjata so ljubov, nov zivot, karieri, zumba, skijanje i plivanje, a pomalku od tie pomenite, otkazite i depresiite. Sepak neka ima od se po malku! Kako inaku ke znaeme kolku vo sustina sme srekni? 🙂

      December 30, 2010 at 2:03pm · Like

    • Kiro I jas tebe…

      December 30, 2010 at 10:13pm · Unlike · 1

    • Katerina bravo, mnogu ubavo kazano 🙂

      December 30, 2010 at 10:20pm · Unlike · 1

    • Katerina Bravo !!! Posakuvam 2011 da bide podobra, pozdrava i ponasmeana od 2010 ZA SITE NAS!

      December 31, 2010 at 1:28pm · Unlike · 1

    • Katerina bidejki bev slobodna tvojata cestitka da ja podelam so koleskite, moram da ti prenesam deka epten ja bendisaai poracaa deka treba da pocnes da pisuvas

      December 31, 2010 at 1:41pm · Unlike · 1
  •  
    Write a comment…
January 4, 2012

Се сретнале М-р и Д-р

Се сретнале  случајно низ град  М-р и Д-р.

Се измеркале од глава до хуго бос пета.

Размениле и визит карти.

Подоцна, од дома си ги провериле профилите на LinkedIn.

М-р чекал Д-р да го побара за пријател. Д-р пак, чекал од М-р да го направи истото.

И така, никогаш не се поврзале на LinkedIn.

Д-р всушност му завидувал  на М-р .Се плашел М-р да не одбере и подготви подобар Д-р од неговиот и да стане попопуларен.

Од друга страна, М-р му завидувал на Д-р бидејќи имал веќе еден Д-р и можеби додека М-р го подготвува својот прв Д-р, Д-р ќе подготви свој втор Д-р.

Една ноќ, М-р и Д-р случајно налетале еден на друг во градската шема.

Застанале на влезот пред популарната дискотека.

Вратарот, кој исто така бил М-р и го спремал својот прв Д-р, не ги пуштил да влезат.

Вратете си се дома. Ова е приватна забава. Јас се смрзнувам на врата со М-р и уште малку Д-р а вие ќе се топлите по канцеларии со М-р ем Д-р.

И така М-р и Д-р се вратиле дома. Провериле интернет и немале ниту еден нов риквест на LinkedIn.

Никогаш повеќе не се виделе.

А вратарот, откако станал Д-р, бил унапреден во евент менаџер.