Се сретнале М-р и Д-р


Се сретнале  случајно низ град  М-р и Д-р.

Се измеркале од глава до хуго бос пета.

Размениле и визит карти.

Подоцна, од дома си ги провериле профилите на LinkedIn.

М-р чекал Д-р да го побара за пријател. Д-р пак, чекал од М-р да го направи истото.

И така, никогаш не се поврзале на LinkedIn.

Д-р всушност му завидувал  на М-р .Се плашел М-р да не одбере и подготви подобар Д-р од неговиот и да стане попопуларен.

Од друга страна, М-р му завидувал на Д-р бидејќи имал веќе еден Д-р и можеби додека М-р го подготвува својот прв Д-р, Д-р ќе подготви свој втор Д-р.

Една ноќ, М-р и Д-р случајно налетале еден на друг во градската шема.

Застанале на влезот пред популарната дискотека.

Вратарот, кој исто така бил М-р и го спремал својот прв Д-р, не ги пуштил да влезат.

Вратете си се дома. Ова е приватна забава. Јас се смрзнувам на врата со М-р и уште малку Д-р а вие ќе се топлите по канцеларии со М-р ем Д-р.

И така М-р и Д-р се вратиле дома. Провериле интернет и немале ниту еден нов риквест на LinkedIn.

Никогаш повеќе не се виделе.

А вратарот, откако станал Д-р, бил унапреден во евент менаџер.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: