Пред една година


Пред една година немав блог. Имав само неколку текстови во notes на фб. На крајот на 2010 година, напишав еден текст посветен на годината што измина. Еве го во продолжение текстот заедно со коментарите. Последниот коментар од една пријателка беше дека треба да почнам да пишувам. Една година значи многу промени. Нека биде и оваа 2012 година на многу промени, за сите. И сите на подобро.

Среќна Нова 2011

by Iskra Isk Rich on Thursday, December 30, 2010 at 1:30am

Во 2010 за мене и за моите пријатели имаше безброј случувања.

Се родија нови симпатии, се развиваа убави љубови, се раѓаа нови животи, се одбранија магистерски и докторати, се купуваа коли и станови, се уживаше по убави одмори, се славеа родендени, се играше по добри свадби, се кажуваше судбоносното да.

 За жал, се дадоа и откази, се кажуваше и судбоносното збогум, се случуваа финансиски загуби, се правеа помени, се кажуваше и почивај во мир.

Потоа се вежбаше зумба, се скијаше, се одеше на куглање, се трчаше на кеј, се возеше бајк, имаше качување на Водно, некои по втор пат се качија и на Кораб, се играше и салса.

Се шеташе малку и низ Европа,  од USA и Австралија се доаѓаше навака, се одеше и на море, езеро, покрај река, а се седеше и дома.

Се гушкаа деца, се чуваа бебиња, се правеа убави ручеци и вечери.

Имаше денови кога многу имаше смеа, ама имаше денови и со солзи.

Имаше денови на добар хумор,  но имаше и денови на депресија.

Имаше денови на добри состаноци и супер проекти, имаше денови на стресни задачи и неуспешни проекти.

Имаше пари, па се чекаа пари, па снемуваше пари, па доаѓаа пари.

Имаше денови на политички дешавки кои екстремно не окупираа, кого помалце, кого повеќе.

Имаше денови на инекции и антибиотици, и денови на добро вино и добро виски.

Се дремеше на фејсбук и твитер, се разменуваа глупости, но и брилијантни идеи…

 

А,  кога ќе го тргнеме сето кажано на страна и ќе останеме сами со себе, сфаќаме дека сите ние едно исто сакаме: преку ден да живееме и работиме со љубов,  навечер да заспиеме мирно а наутро да се разбудиме среќни.

Затоа,  баш тоа и ви го посакувам на сите во 2011 година!

Like · · Unfollow Post · Share · Delete


    • Zlatko te sakam kish ♥

      December 30, 2010 at 4:23am · Unlike · 1

    • Julijana

      December 30, 2010 at 6:40am · Unlike · 1

    • Veselinka Bas ubavo! 🙂 Prodolzi da ne inspiriras so tvoite poraki i vo 2011ta! ♥

      December 30, 2010 at 8:04am · Unlike · 1

    • Elena Golemo LIKE*

      December 30, 2010 at 9:38am · Unlike · 1

    • Marija Prekrasen e tekstot, stvarno znaes da dopres do covek.

      December 30, 2010 at 10:02am · Unlike · 1

    • Ana i nie tebe bas toa ti go posakuvame…i uste nekolku ubavi raboti 🙂 Srekjna!

      December 30, 2010 at 10:04am · Unlike · 1

    • Ruzica KostikLele prekrasno napisano :):):), i nie fam. Kostik ti posakuvame od se srce se najdobro, mnogu zdravje sreka uspesi i radosti bidi i pontamu taka originalna i inspirativna kako sto si, mnogu baknezi i guski, Srekna Nova Godina i Sreken Bozik pa se gledame:):):)

      December 30, 2010 at 10:04am · Unlike · 1

    • Suzana Vo 2011 poveke od tie slucuvanjata so ljubov, nov zivot, karieri, zumba, skijanje i plivanje, a pomalku od tie pomenite, otkazite i depresiite. Sepak neka ima od se po malku! Kako inaku ke znaeme kolku vo sustina sme srekni? 🙂

      December 30, 2010 at 2:03pm · Like

    • Kiro I jas tebe…

      December 30, 2010 at 10:13pm · Unlike · 1

    • Katerina bravo, mnogu ubavo kazano 🙂

      December 30, 2010 at 10:20pm · Unlike · 1

    • Katerina Bravo !!! Posakuvam 2011 da bide podobra, pozdrava i ponasmeana od 2010 ZA SITE NAS!

      December 31, 2010 at 1:28pm · Unlike · 1

    • Katerina bidejki bev slobodna tvojata cestitka da ja podelam so koleskite, moram da ti prenesam deka epten ja bendisaai poracaa deka treba da pocnes da pisuvas

      December 31, 2010 at 1:41pm · Unlike · 1
  •  
    Write a comment…

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: