Лајк


Лајкот е широко распространет и општо прифатен стил на комуникација во современото живеење.

Лајкот е сродна група со статусот, линкот, профајл пикчрот, албумот а поретко и со шерот.

Со оглед на неговиот прогресивен развој, очекувам лајкот да добие и свое копче на тастатурата, со значење и место веднаш до ентерoт.

Видови лајкови

Обичен лајк – кога се лајкува интересен статус, убава фотографија или корисен линк. Everyone likes this.

Депре лајк– кога особата лајкува све и свашта поради депресија. Nobody likes this.

Љубовен лајк – кога се лајкува на нечиј профил  поради љубов кон особата што постира. I like because I love u.

Страствен лајк– кога особата уште недопостирала а е лајкувана. Like and the City like this.

Шемаџиски лајк – кога се лајкува само на постови на селебритис. Мелита’s status update: Само што станав. 15609 обожаватели like this.

Кризен лајк– кога се лајкува во време на откажување од цигари или друг порок. Забрането пушење and no drugs like this.

Патриотски лајк– кога се лајкува на се што е поврзано и што асоцира на татковината. Излези момче право на тераса и 1198769 Mакедонци like this.

Партиски лајк– кога се лајкува по наредба на шефот на партијата или градоначалникот ако се работи за општински лајк . Министерот  и 14450 државни службеници like this.

Братски лајк – кога се лајкува за да се врати на примен лајк. Лајк за лајк, сирење за пари.

За други видови лајкови, повелете 🙂

Advertisements

4 Comments to “Лајк”

  1. Хуманитарен лајк – кога се лајкува од сожалување, да ѝ се разубави денот на особата постирач.

  2. бизнис лајк – кога се лајкува статус на некој кому по фактура му дужиш 120.000 ден. од септември 2010 год. со надеж дека ќе го шармираш да не ти бапне тужба у надлежни суд Скопје1. 🙂

  3. хахахахахха, совршено:))

  4. Бај д веј, Скопје 2. Скопје 1 е кривичен суд, уште бетер:)))

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: