Без наслов но со повод или како го поминав зимскиот распуст


Не можам да му дадам адекватен наслов на постов бидејќи ќе опфатам повеќе теми, сублимирани во една поента- ФЕЈЛ.

И така, јас и три мои пријателки решивме зимскиот одмор да го поминеме на скијање во Банско.

Налетавме на една интересна понуда преку една македонска туристичка агенција (нема јавно да ја именувам но лично ќе ги искритикувам уште утре на лице место) и тоа за 180 евра во кои е вклучен превоз, седум ноќевања со појадок и вечера=great!

1. За превозот

За превозот ќе бидам кратка пошто повеќе ќе се посветам на Хотелот и на Бугарите ама ќе поентирам со следното: Низ завеана Македонија и низ завеана Крива Паланка, превозникот со комбе тргна со летни гуми и без зимска опрема. Хелоууууу. И нормално не заглави на сред Паланка, за да после некое време дојде друго сјебано комбе и да ставаат ланци. Некаде после бугарска граница му се дупна и гума и му се заеба кочница, за да на крај не утовари нас кутрите 6 луѓе во двоспратен автобус – празен и така да не донесе до Банско.Со мало утнување на патот, стигнавме после осум саати патешествие. Осум саати до Банско ееееј.

2. За хотелот

Сместувањето беше во хотелот во кој бев во 2009 година и бев прилично задоволна разгледај тука.

Затоа веднаш ја прифативме понудата и рековме ДА.

Тоа ДА секогаш вклучува 50 %проценти ризик за заеб или што би рекол Жељко Самарџиќ- Не суди по амбалажи, видечеш на крају.

Бидејќи бевме 4, земавме апартман, со две спални , две купатила и дневна као за поелитен смештај.

Од агенцијата наша не убедија дека сме го направиле вистинскиот избор и дека навистина ќе уживаме во апартаментот!

Кога дојдовме на лице место, сфатив дека мој живот није Швицарска и је далеко од савршен.

Да, ова беше еден од креветите во една од спалните соби во апартманот.

А целата соба изгледаше вака:

Со оглед дека собата беше екстремно ладна и фучеше од прозорите, љубезните луѓе од хотелот  после 3 саата агонија, нервози и дремење на рецепција, дојдоа и залепија нешто на прозорите, ни донесоа греалки и не замолија бидејќи нема слободна соба за да ни дадат замена, да го користиме креветот од дневната за спиење.

Бидејќи љубовта кон скијањето преовладуваше , решивме да не го загубиме денот со водење на погрешна битка и направивме разумен компромис – едната од нас спиеше на топло, во дневната а останатите со греалки, на удобни кревети. Мала дигресија на муабетов ама вака некако треба да се реши и спорот за името.

Храната во хотелот не беше толку лоша, можеби заради шокот од собите па јадењето ни дојде така некако благопријатно. Меѓутоа Балканец на Шведска маса звучи некако оксиморонски. На пример: има сармички, има пилешко со ориз, има телешко со грашок, има свинско со компири и тука се прави микс од четири видови јадења,  за да не се пропушти најубавото, нешто како quatro formaggi рецептот.

Заради тоа, моравме да доагаме порано на вечера, за да имаме што да јадеме, бидејќи – Кад је шведска маса и Петреска је Блага. Или ко што рече еден Струмичанец кога ја виде празната маса: Абе ова скриена камера да не е?

3. За Бугарите

Јас сфатив едно. Дека Бугарија можеби е влезена во ЕУ, но Бугарите дефинитивно не се.

Причини има повеќе но најбитни се:

Монетарните: 3.40 лева на Бугарски значи 4 лева.  Влез во дискотека во среда е 5 лева а во петок е 5 евра (10 лева). На таксиметар ако пишува 7лева, тоа се чита 10 лева и

Културолошките: Преслава и понатаму е врвна музичарка а градоначалниците и министрите излегуваат овде:

Имаше и светли точки  за излегување : Lion club и Oxygen.

 4. За превозот назад

Повторно фејл со  гужва у комбе, каснење од два саата за да стигнеме во Скопје некаде накај 24 и нешто. Да бев плавуша ќе кажев: Е да бе сто.

 

Advertisements

One Comment to “Без наслов но со повод или како го поминав зимскиот распуст”

  1. дешавка во Грција за нова година. хотелот на слика ихааа, соби топ, јадење, пиење топ!
    одиме таму, се сместуваме, и кон 6 се спремаме за нг вечера. оп, снемува струја!
    другарка ми ја мие косата у лавабо. ладно, кочан. се шминкам на упаљач.
    една половина од хотелот има струја, другата нема. нема соби слободни да не префрлат од другата
    страна. се караме, мајки, шајки, јок. у собата кај спиевме ХУ се прави. станавме и си отидовме. а платени 3 ноќи. допис до агенција, дрн,дрн, ништо.

    п.с. ја бев туристички колега од друга агенција. ама памет за друг пат со кого правиш аранжман. да ти се погоди се, кај нас е како бинго. нема стандарди. вракање пари можда, едвај. јавно критикување е најдобра опција. ваљда.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: