Едно мини интервју со еден обичен човек


Влатко Васиљ е обичен човек од Македонија.

Го запознав преку социјалните мрежи. Заедничко ни е тоа што и двајцата во минатото сме имале мирц, ај си кју и хај фајв . Денес имаме блог, фејсбук, твитер, гугл плус, џи ток и линкд ин.

Во иднина ниту јас, ниту Влатко не знаеме што ќе имаме а што ќе снемаме.

Ова  неформално интервју решив да го направам на мојот личен блог, т.ест во мојата е-дома со  човекот со извонредна смисла за хумор, пред да стане популарен и да почнува да дава професионални интервјуа каде стигне.

Еве што го прашав и еве што тој ми одговори:

Како би го опишал твојот досегашен живот со три збора?

Васиљ:  Интересен, возбудлив и среќен.

 

Кога би бил политичар, која партија во Македонија би била твојот избор?

Васиљ: Народот.

 

Велиш дека среќно си оженет човек. Што е за тебе дефиниција на среќно женет човек?

Васиљ: Во тоа не барам дефиниции. Сам свој мајстор.

 

Ако животот ти даде снег, што ќе направиш од него?

Васиљ: Вода.

 

Велиш дека имаш толку харизма што и празна тезга да држиш на пазар, пак промет ќе направиш. Што ќе продаваш на празната тезга?

Васиљ: Чекај прво тезга да најдам.

 

Кој ти е омилен глумец, кој е филмот на сите времиња и кој стих од песна ти е во срцето?

Васиљ: Кристиан Беил ми е у први 10.Иначе би сакал да ме глуми Роберт Дауни Џуниор. Коа би имал шанса у филм би глумел со Шон Пен. Омилен филм – “The Boondock Saints“ ми е у први 10.Стих од песна – Џони Кеш “You can run on for a long time, sooner or later God’ll cut you down “.

 

Ако имаш шанса повторно да се родиш, во која земја би сакал да се родиш?

Васиљ: Тука, пак.

 

Фејзбук или Твитер?

Васиљ: Што не моеш да кажеш у 140 букви, не моеш ни во 5000!

 

Плавуша или бринета?

Васиљ: Шатирана! 🙂

 

К-15 или Еднооки?

Васиљ: Зевзекманија.

 

Благица Павловска или Сузана Спасовска?

Васиљ: За што?

 

Sинго или Педер?

Васиљ: Ма кој и да е, напред Вардар!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: