СЛОБОДА


На социјалната мрежа твитер пред неколку часа, поставив прашање до сите кои не се во притворска или затворска келија: „Дали се чувствувате слободни?“.

Добив неколку одговори: „Не“, „Па и не баш“, „А дали воопшто има некој што се чувстува слободен?“ и слично.

Не добив ниеден одговор од типот „Да, се чувствувам слободен“.

Се запрашав што е тоа што не ограничува нас, луѓето кои живееме на слобода, да не се чувствуваме слободни?

Додека растеме, се до нашето полнолетство, со нашата слобода управуваат нашите родители и нашите наставници. Родителите ни ја ограничуваат слободата на движење, односно одлучуваат каде смееме а каде не смееме да одиме. Тие го ограничуваат нашето дејствување во рамки на домот, надвор од домот и пред и после училиште. Родителите а делумно и наставниците, влијаат на нашето размислување и формирањето на нашите ставови. Не воспитуваат онака како што тие мислат дека е најдобро и ни втемелуваат систем на морални норми и вредности за кои сметаат дека се најадекватни за нашиот ментален и духовен развој во иднина.

Што значи, уште од мали нозе ние сме навикнати да ни е ограничена слободата.

Што се случува после полнолетството?

Тогаш , родителите се помалку имаат влијание на ограничување на нашата слобода и ние се чувствуваме послободни а всушност влегуваме во други системи кои на еден или на друг начин ни ја ограничуваат слободата.

Социјалниот живот и нашето интегрирање во него е голем детерминатор на нашата слобода. Што повеќе социјални релации создаваме и што повеќе позиции градиме во општествениот систем, се повеќе ја ограничуваме нашата слобода.

Тоа е донекаде и природно бидејќи човекот е социјално битие и има природна потреба да биде меѓу други луѓе и да се интегрира. Меѓутоа што повеќе се поврзува човекот со другите луѓе, тоа повеќе е ограничена и неговата слобода.

Професионалниот живот е исто така влијателен фактор со кој се ограничува нашата слобода. Секој барем еднаш во животот има кажано: „Сакам да го направам тоа, но немам време, имам многу работа“.

Кога од улога на деца , влегуваме во улогата на родители и формираме семејство, повторно ја ограничуваме нашата слобода, во рамки на семејните обврски. Тогаш, не само што се бориме со нашата ограничена слобода, туку се бориме и со ограничување на слободата на нашите малолетни деца. Имено , го правиме истото кое го правеле нашите родители со нас и нашата слобода. Тогаш сфаќаме дека нашите родители тоа го правеле и со нивната слобода.

Од  досега кажаното, ќе се добие впечаток дека нашата слобода е сериозно загрозена и ограничена.

Меѓутоа, природните процеси се неприкосновена работа. Да се запрашаме, што ако не се социјалниот, семејниот и професионалниот живот? Дали тогаш ќе бидеме слободни? И ако да, слободни за што?

Затоа, јас на слободата гледам на поинаков начин.

За мене СЛОБОДА е :

1. ДА МИСЛИШ

– да имаш свое мислење, но да бараш мислење и од другите.

-да веруваш во своето мислење, но да веруваш и во мислењето на другиот.

-да се слушаш себеси и своето мислење, но да го имаш во предвид и мислењето на другиот.

-да го споделуваш секогаш своето мислење, но често да го споделуваш и мислењето на другиот.

2. ДА ИЗБЕРЕШ

– да избереш слободата да ти ја ограничат семејство кое го сакаш, работа која уживаш да ја работиш и пријатели кои те прават среќен.

3. ДА РЕАГИРАШ

– да реагираш на оние работи кои те спречуваат ДА МИСЛИШ и ДА ИЗБЕРЕШ.

 

 

 

 

 

 

 

Advertisements

2 Comments to “СЛОБОДА”

  1. Моралните норми не се скратување на слободата, родителите никогаш не ми ја скратиле слободата и слободно ме воспитале, така што сега ги уживам сите бенефиции на слободното живеење.
    Ја работам работата што ја сакам , сама ги избирам работите што сакам да ми се случат.
    -Па има ли поголема слобода од тоа?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: