Кога мажите би биле денови од неделата


Понеделник – На помислата на него ти се одмилува цела недела, во најмала рака ти се одмилуваат деновите до петок. Сив, намќорест, тапа, здодевен. Дури и кога е расположен (сончев), секогаш ти буди емоции на сивило и едвај чекаш да те одмине. Антипатичен. Често е игнориран  од жените и најчесто forever alone.

Вторник– Поблага варијанта на понеделник. Генерално обичен и премногу класичен, муабетите му се познати, ништо ново.  Неговото присуство не те радува ниту пак ти буди позитивна вибрација ама не ти пречи колку што ти пречи понеделник. Не е игнориран како понеделник од жените иобично има долга врска со некоја депресивка.

Среда– Малку поотворен карактер. Чат пат знае и да каже нешто интересно, да те насмее, да даде надеж за фин провод. Понекогаш знае да те однесе на интересна вечера, интересен настан, да те изненади со интересен подарок. За разлика од понеделникот и вторникот кои се исклучително непривлечни, он знае да биде и секси. Одличен за нормална врска и умерен брак.

Четврток – Забавен, искулиран, секси, има самодоверба бидејќи му е комшија на петок. Понекогаш се однесува како петок wannabe. Доста обожаван од понежниот пол. Смисла за забава на високо ниво, добар хумор и позитивни муабети. Никогаш не е сам и ретко е верен.

Петок – Швалерчина. Мнозинството жени го сакаат и го демнат. Не го вадат од ум и од уста. Кога ќе се појави предизвикува пеперутки кај познати и непознати. Омилен лик е иако се пијанчи и се глупира. Ако некоја го фати, се надева дека баш неа ќе ја засака и ради неа ќе се смени.  Кога се мува не бира, мува се што е симпатично и женско. Ако е ерген , викаат дека бил најпосакуван. Ако е женет е исто така е најпосакуван. Ако е разведен пак е најпосакуван. Како му е , само он си знае.

Сабота – Фраер ама со повеќе стил од петок. За позрели жени е омилен лик. Тие што се фураат на петок, немаат сила за сабота и не им е толку интересен бидејќи е посериозен и не откачува ко петок. Спортува, цени култура, дневни активности а знае и да се журка ама со стил. Има жена со добар социјален статус и изглед а ако има швалерки и они се со стил.

Недела – Домаќински тип. Не искача, си пие домашно ракииче и обожава шопска. Женет. За швалерка нема време од мрза а и не се замара. Можеби еднаш годишно на семинар. Навлечен е на кладилница. Има краток фитиљ и склон е на расправии по дома. Не спортува, освен на Водно со жичара со децата и да ја прошета госпоѓата. Гледа Долина на волците. Понекогаш помага во кујна на жена му и се покажува како добар готвач. Поштуе 8-ми март, купува каранфил. Памти годишнини од брак. На постари години иде по риба или игра шах у маало.

Advertisements

4 Comments to “Кога мажите би биле денови од неделата”

  1. Или ја не се најдов или Вие не ги разбирате мажите

  2. kakvi gluposti lol…

  3. ова што ти концизно, скроз точно и со заклучок го напиша на блогов, други го викаат докторат. ама без завршница! свака част iskric 🙂

  4. Слушај, ја сум од мајански календар: Згоден, никад нерасположен, увек вицкаст, начитан, паметен до изнемоглост – дупли Ајнштајн, возам мотор, точак и подморница, не се возам у лифт – скокам по две скали одеднаш, а и преку планини. Знам да миксам преку 20 варијанти на секс он д’бич, јадам крвав бифтек и семки од кај Рамче, а – да простиш – коа ќе прднам, мириса на помаранџа… :))

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: