За машко-женцките работи


Не сакам да осудам ниту еден од вашите ставови, ниту сакам да ги побивам вашите мислења а најмалку ми е желба да ги повредам вашите емоции.

Сакам само да пренесам едно мое согледување за машко-женцките работи во 21 -от век. Којзнае дали сум во право….

Во 21-от век, жените станаа ловци а мажите станаа плен. Порано беше доволно жената само да мрдне со опашката, а денес е потребно и да се наоружа.

Додека жените пцујат, мажите молчат. Порано мажот беше оној кој пцуе, а жената за сметка на тоа се срами и пробува да го смири.

Жените мислат дека се главни, а мажите зад грб ги озборуваат. Порано мажите беа главни а жените се озборуваа меѓу себе, која каков фустан носи.

Жените кои мислат дека можат се сами, се во неприродна заблуда. Порано жените не можеа се сами бидејќи беа финансиски зависни. Сега мислат дека можат сами поради финансиската независност, а всушност емоционална е потребата тие да бидат во пар.

Мажите кои мислат дека можат со многу жени наеднаш, немаат ниедна. Мажите кои се со многу жени наеднаш, не си даваат шанса да запознаат ниедна од нив како личност.

Сите маркетингшки приказни за врската помеѓу жената и мажот кои успешно ги продаваат моќните светски индустрии, не значи дека треба да ги купиме. Пример е Саманта (Сексот и градот) – измислен ,но добро продаден лик.

Животните општат во пар. Човештвото измисли тројка. Порано разликата помеѓу животните и луѓето беше во тоа што животните општеа а луѓето водеа љубов. Сега разликата е тоа што животните сеуште општат а луѓето развиваат и продаваат нови модерни облици на интимна комуникација, која е непријател на здравите човечки емоции.

 

 

Advertisements

2 Comments to “За машко-женцките работи”

  1. А жените кои мислат дека можат со кого сакаат?
    , човештвото не измисли само тројка туку и порнографија, групњак, букаке и др.

  2. Дарко, жените се исфрустрирани и затоа сега ние патиме. :))) Кога мојата мајка оди на работа, треба и ручек да спреми, а татко ми да чека да му се сервира. Потоа да се раздигне, измие и исчисти. Не беше фер за нив, а сега за нас :)))

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: